Гаранција и техничка поддршка
Во Инфогејт нудиме гаранција и сигурна техничка поддршка за сите производи купени кај нас. Гарантниот рок зависи од видот на производот и може да трае од 6 до 60 месеци, во согласност со политиката на производителот и важечките прописи.
Доколку дефектот подлежи на гаранција, поправката или замената на производот е целосно бесплатна. Нашиот сервисен тим обезбедува брза дијагностика, квалитетна поправка и оригинални делови, со цел вашиот уред повторно да функционира беспрекорно.
Техничка поддршка
Нашата техничка поддршка е достапна во продавницата, преку телефон, е-пошта и во нашиот сервисен центар на Рузвелтова 5, Битола. Тимот на Инфогејт е тука да ви помогне и по истекот на гаранцијата, со проверени решенија и професионална услуга.
Кога гаранцијата не важи
Гаранцијата не се однесува на:
- Механички оштетувања предизвикани од невнимателно користење
- Поправки извршени од неовластени лица
- Оштетувања предизвикани од струен удар, влага или физички удари
- Производи без оригинален фискален документ или гарантен лист
За сите прашања поврзани со гаранција и сервис, посетете нè на Рузвелтова 5, Битола, или контактирајте нè на 047 203 045 или service@infogate.com.mk.