Политика на приватност

Последна промена: Октомври 15, 2025

Политика за приватност

Оваа Политика за приватност ја објаснува начинот на кој Инфогејт ИТ Системи ДООЕЛ Битола собира, користи, открива и заштитува ваши лични податоци при користење на веб-страницата infogate.mk. Со користење на оваа веб-страница, вие се согласувате со практиките опишани во оваа Политика за приватност.


1. Информации кои ги собираме

Ние собираме информации од вас кога правите нарачка, се претплаќате на нашиот билтен, пополнувате формулар или не контактирате преку веб-страницата. Видовите на лични податоци кои можеме да ги собираме вклучуваат:

  • Име и презиме
  • Адреса за е-пошта
  • Телефонски број
  • Адреса за испорака и наплата
  • Информации за плаќање (името на картичката, последните 4 цифри и провајдерот што е користен — Visa или Mastercard)

2. Како ги користиме вашите информации

Информациите што ги собираме можат да се користат на следниве начини:

  • За обработка на вашите нарачки и обезбедување на услугите што ги барате
  • За подобрување на нашата веб-страница и вашето корисничко искуство
  • За испраќање известувања во врска со вашите нарачки, производи или услуги
  • За контактирање во врска со нови производи, промоции или новости, доколку се согласите со тоа

3. Заштита на вашите информации

Инфогејт користи технички и организациски мерки за безбедност за да ги заштити вашите лични податоци. Податоците се чуваат во безбедна мрежа и пристап имаат само овластени лица кои се обврзани да ги чуваат информациите доверливи.


4. Откривање на информации на трети лица

Ние не продаваме, не тргуваме и не ги пренесуваме вашите лични информации на трети лица без ваша согласност. Исклучок се доверливи партнери кои ни помагаат во работењето (на пр. логистички компании, платни системи), под услов тие да се согласат да ги чуваат податоците доверливи и да ги користат само за потребите на извршување на услугата.


5. Колачиња (Cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња (cookies) за подобрување на вашето корисничко искуство. Колачињата се мали датотеки кои веб-страницата ги зачувува во вашиот прелистувач и овозможуваат препознавање на вашиот профил, чување на артикли во кошничката и персонализирано искуство при следни посети.

Можете да одберете да ги исклучите колачињата преку поставките на вашиот прелистувач, но тоа може да влијае на функционалноста на веб-страницата.


6. Права на корисниците (GDPR)

Согласно со Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), вие имате право:

  • на пристап, измена или бришење на вашите лични податоци,
  • да побарате ограничување на обработката
  • на преносливост на податоците
  • и да поднесете приговор.

Доколку сакате да ги искористите овие права, ве молиме контактирајте не на подолу наведените контакт информации.


7. Промени на Политиката за приватност

Инфогејт ИТ Системи ДООЕЛ го задржува правото да ја ажурира или измени оваа Политика во било кое време. Сите промени ќе бидат објавени на оваа страница. Ваша одговорност е периодично да ја проверувате Политиката за приватност за евентуални измени.


8. Плаќање по испорака (Cash on Delivery)

Прифаќаме и плаќање по испорака (COD). Во овој случај, не се собираат и не се чуваат информации за вашата картичка.


9. Контакт информации

Доколку имате било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност или сакате да ги искористите вашите права според GDPR, контактирајте не на:

Инфогејт ИТ Системи ДООЕЛ Битола
📍 Адреса: Рузвелтова 5, Битола
📧 Email: infogate@infogate.com.mk
📞 Телефон: 047 203 045
🌐 Веб: infogate.mk

Со користење на оваа веб-страница, вие се согласувате со оваа Политика за приватност.